Специјални пакети за породување во Клиничката болница „Аџибадем Систина“: Сите услуги за безбедно породување и комплетна грижа за мајката и детето
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ промовира специјални пакети за породување со кои на семејствата со новороденчиња им се нуди комплетна здравствена грижа во периодот пред и по породувањето на мајката. Станува збор за време кога здравјето на жената е најважно, кога се подготвува за новиот живот, за детето чие здравје потоа добива приоритет. Креирани се два специјални пакета со промотивни цени во кои се вклучени сите услуги нужни за безбедно породување и за комплетна грижа и за мајката и за детето.
Како врвна здравствена приватна установа Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и сиот стручен тим посветува исклучително внимание и нуди комплетна грижа за новороденчињата и родилките. Во пакетите вклучени се лабораториски анализи за мајката при прием во болницата, како и можност за спинална или епидурална аналгезија за безболно породување. Болничкото сместување е исто така дел од пакетите, но грижата не застанува по тие неколку дена. Со цел да го следиме растот и развојот на новороденчето во пакетот се вклучени и ортопедски прегледи на новороденчето, совети за неговата исхрана, три контролни прегледи во првиот месец, но и посета на патронажна сестра.
