5. недела
Во 5.недела, почнува периодот во кој мозокот, `рбетниот столб, срцето и другите органи на ембрионот почнуваат да се формираат. Првите отчукувања на срцето на ембрионот се случуваат во оваа недела. Фолната киселина се препорачува да ја земате уште од самиот почеток, а подобро и пред зачнувањето. Таа претставува витамин Б9, кој доколку се употребува во бременоста помага `рбетниот канал на вашето бебе правилно да се развие и затвори, a со тоа се спречуваат 50-70% од аномалиите на невралната туба.
Вашето бебе е со големина на семка од јаболко
- Отечени и болни гради.
- Мачнини и замор.
- Истотака можно е веќе да почнете често да мокрите.