24. недела

Вашето малечко сè повеќе наликува на бебе. Не само поради тоа што се развиени сите внатрешни органи туку и според изгледот на кожата и веќе оформениот лик. Детето има развиен дневен ритам, па можете да забележите како се изменуваат периоди на негова интензивна активност, послаба активност и мирување. Неговото срце сега може да се чуе и со слушалка. Бебето има ориентација додека се движи низ вашиот стомак!
Најголемиот број трудници со гестациски дијабетес немаат никакви забележливи знаци и симптоми, затоа кај речиси сите бремени жени треба да се направи скрининг за гестациски дијабет во периодот од 24. до 28. гестациска недела. Мал број жени имаат низок ризик за гестациски дијабет, па затоа не мора да бидат тестирани. Во таа група на жени спаѓаат жени под 25 години, со телесна тежина во здрави рамки, без историја за дијабет во фамилијата, кај кои никогаш немало покачено ниво на шеќер, кои не родиле бебе со поголема родилна тежина и доколку во претходната бременост немале компликации во бременоста што се асоцирани со дијабет.


Вашето бебе е со големина на диња