26. недела
Во оваа недела можеби се чувствувате заборавено и расеано. Тоа е уште еден придружен знак на бременоста. Неможноста за добар и цврст сон ве прави уморни во текот на денот, па гледајте да се одморите. Отоците на нозете се исто така присутни и во оваа недела. Во овој период внимавајте на одредени знаци што може да бидат симптом на состојба наречена прееклампсија (нагло отекување на рацете и нозете, тешки главоболки, намалено мокрење...). Ако забележите некој од овие симптоми, веднаш јавете се на лекар.
Вашето бебе е со големина на марула