10. недела

Завршува периодот кога плодот е најосетлив на надворешните влијанија од лекови, штетни материи и микроорганизми, а во исто време постепено исчезнуваат и вашите тегоби како мачнините и гадењето, но може да се појават желудочни киселини и главоболки. Опасноста од спонтан абортус е помала и со секој нареден ден е сè помала. Бебето голта течност и се движи. Виталните органи: бубрезите, цревата, мозокот и црниот дроб почнуваат да функционираат, иако својот развој ќе го продолжат со тек на бременоста. Како резултат на интензивниот раст на бебето, можно е да се појави мало видливо стомаче (секако, тоа можеби сè уште само вие можете да го забележите). Растот на бебето и зголемената матка предизвикуваат истегнување на лигаментите и мускулите на стомакот, па не се изненадувајте доколку имате слаби грчеви во стомакот. Промени се случуваат и во градите, кои стануваат уште поголеми.


- Вашето бебе во десетта недела
- Функционираат зглобовите на рацете
- Се формираат `рскавиците и коските
- Виталните органи се целосно развиени и почнуваат да функционираат
- Стануваат видливи прстите на рацете и косата
- Голта од амнионската течност и
- Мрда со нозете