Замрзнување на јајце клетки
Во денешното модерно вереме најголем напредок во ин витро оплодувањето е направен со замрзнување јајце клетки. Порано процентот на преживување на одмрзнати јајце клетки беше многу низок. Во последнава декада можностите на методите за бавно замрзнување (slow-freeze) и витрификација постигнаа голем напредок.
Во овој случај причина за замрзнување е малигно заболување кај жената на некои органи во близина на јајниците поради што таа ќе мора да биде подложена на хемо или зрачна терапија. Причина може да биде и хируршка интервенција поради бенигна или некоја сомнителна болест на јајчниците.
Доколку пациентката има фамилијарна анамнеза за рана менопауза може да ги замрзне своите јајце клетки. Во тој случај таа ги зачувува своите јајце клетки доколку и кај неа на помлади години се намали или откаже функцијата на јајчниците.
При постапката на вонтелесно оплодување ако се добијат поголем број јајце клетки, а доколку машкиот фактор е значително лош, во тој случај вишокот јајце клетки може да се замрзнат. При нареден циклус, доколку машкиот фактор има подобра оплодна моќ, во точно одреден момент се одмрзнуваат, и при повторна постапка, вонтелесно да се оплодуваат.
Жените кои поради напредок во образованието или кариерата или поради немање партнер сакаат да го одложат раѓањето можат да ги замрзнат своите јајце клетки во рана возраст. Со тоа се зголемуваат шансите за идна бременост.
Жените кои немаат квалитетни јајце клетки, се кандидати за оплодување со донирани јајце клетки. Во постапката на донација на јајце клетки жената донор е проследена на генетски испитувања (генетски скрининг) и сите други иследувања предвидени со законот за биомедицинско потпомогнато оплодување. Потоа следува постапка на хормонска стимулација на јајчниците. Се прави аспирација на јајце клетките и тие веднаш се криопрезервираат (замрзнуваат). Кога жената реципиент ќе биде подготвена да забремени, јајце клетките се одмрзнуваат, се оплодуваат со семениот материјал од партнерот на реципиентката и создадениот ембрион се трансферира во матката на реципиентката.
Се смета дека најдобар период за замрзнување на јајце клетки е меѓу 30. и 38. година од животот на жената. Процентот на успех при ИВФ постапките кај жените по 38. година е значително помал отколку кај помладите поради природниот процес на стареење на јајце клетките.