Чувањето на мајчиното млеко
Млекото кое сте го испразниле од вашите дојки можете да го складирате во стерилен сад или кесичка за таа намена и да стои најмногу 4 часа на собна температура (21-23 степени), 48 часа во фрижидер и 3-4 месеци во замрзнувач.
Одмрзнувањето треба да е постепено, со ставање во садови со вода која постепено се загрева сè додека млекото не се одмрзне. Не треба да се одмрзнува нагло под топла вода или во микробранова печка. По одмрзнувањето млекото треба да се употреби во рок од 1 час. Загреаното млеко кое останало неискористено треба да се фрли и да не се употребува повторно бидејќи ги губи своите хранливи вредности.