img

5 факти за мајчиното млеко

 1. Мајчиното млеко е единствена и незаменлива природна храна за доенчето, а доењето е единствен и незаменлив предуслов за негов правилен емотивен и физички развој.

2. Мајчиното млеко ги содржи сите хранливи материи кои се потребни за правилен раст и развој на бебето.
3. Антителата содржани во мајчиното млеко го зголемуваат имунолошкиот систем на бебето.
4. Мајчиното млеко е посебно корисно за децата кои се родени предвреме, како и за близнаците, тројките или повеќе деца родени во исто време.
5. Полесно се вари отколку вештачката храна и е посебно препорачливо за предвремено родените бебиња бидејќи имаат помали и покревки желудници и црева. Доколку не можете да ги доите вашите бебиња, треба да се измолзите со специјален апарат за таа намена и да му го дадете млекото на бебето во шише со цуцла.