Вродените деформитети се решаваат доколку се рано откриени (Видео)
Дисплазија на колкови, криво стапало и крив врат се трите најчести вродени деформитети кај новороденчињата. Откако родителите ќе ги забележат овие промени кај бебето првото прашање им е дали ќе може да се коригираат.
Д-р Маја Каличанин, ортопед во „Аџибадем Систина“ потенцира дека од големо значење е ортопедскиот скрининг на новороденчето да се изведе уште во родилиште, за да може да се забележат навреме овие вродени деформитети. Во тој случај, родителите навремено ќе бидат известени за состојбата и ќе им се посочат вежби и други стручни совети кои ќе овозможат да се коригираат деформитетите. Во најголем дел од случаите, кај повеќе од 90% се решаваат конзервативно, а онаму каде не се постигнале резултати се применува хируршка интервенција.
Ние користиме колачиња на нашата веб-локација за да ви дадеме најрелевантно искуство со меморирање на вашите преференци и повторени посети. Со кликнување на „Прифати“, се согласувате со употребата на СИТЕ колачиња. Сепак, можете да ги видите Поставките за колачиња, со цел да обезбедите контролирана согласност.