Совети за патување со деца над 5 години
Зборувајте со децата за патувањето: Планирајте го патувањето заедно со вашето дете, понекогаш тоа е побитно од самото патување. Набавете мапа и неколку фотографии од дестинацијата кон која патувате. Доколку се доволно зрели, дозволете им самите да си ја одберат облеката која ќе ја носат на патувањето. Колку подобро ќе ги вовлечете децата во овој процес, толку повозбудливо ќе им биде патувањето.
Понесете само еден куфер: Олеснете си го патувањето и не земајте премногу работи со вас. Доволни ви се вашиот куфер и куферот на вашето дете.