Внимателно со десертите
Иако десертите се најомилениот дел од оброците препорачливо е посебно да се внимава со нив. Денес децата стануваат зависни од некои брендови на чоколади, кекси и сл., а тоа е целта на производителот и со самото тоа користењето на хемикалиите за таа намена го нарушува балансот на детскиот организам. За таа цел , домашно подготвените слатки се подобра солуција, но да се внимава на квантитет и застапеноста на десертите во детската нутриција бидејќи предозирањето со шеќер води кон хиперактивнот. Според светските препораки, комплетно да се исклучат од исхрана гумените бомбони, шарените колачиња, газираните пијалаци, соковите кои се растворуваат, како и прашоците со кои се подготвуваат сокови. Овие некорисни производи треба се заменат со свежо цедени сокови, богати со витамини и минерали, исклучително важни за равојот на децата и зголемувањето на имунитетот. Овие препораки не претставуваат невозможна мисија на родителите бидејќи нашата држава изобилува со плодна почва за одгледување органска храна, како и со продавници кои можат да снабдат со широка палета органски производи. Да им обезбедиме вистинско детство на нашите деца!