Се обидувате да забремените подолго време?
Сѐ започнува со идејата да се има бебе. По извесен период одлучувате дека е вистинското време за бебе. Потоа престанувате да ги пиете антибеби пилулите и чекате. Можеби ќе помине месец или два. Сè уште не сте бремени. Почнувате да станувате загрижени.
Доколку се обидувате да забремените 12 месеци и имате помалку од 30 години тогаш треба да посетите репродуктивен ендокринолог и специјалист за неплодност. Доколку имате повеќе од 35 години, најдобро е да посетите специјалист по 6 месеци пробување.
Еден просечен пар има 20 до 25 проценти шанса да зачнат во кој било месец, додека речиси две третини од двојките ќе забременат во првите 6 месеци. Жените над 35 години може да имаат повеќе потешкотии со забременувањето бидејќи квалитетот и квантитетот на нивната јајце клетка може да се промени во оваа фаза.
Доколку сте сосема здрави и не можете да зачнете во период од една година, тогаш посетете доктор со цел да ги утврдите можните причини за неплодност.
- Женска неплодност – Една третина од времето додека пробуваат жените имаат проблем со забременувањето. Тоа се должи на разни проблеми со кои се соочуваат, од типот на блокирани јајцеводи, ендометриоза или овулациски нарушувања.
- Машка неплодност – Една третина од времето мажите се соочуваат со проблемите од типот на производство на малку или воопшто сперма, како и сперма која не е доволно подвижна (нема способност да се придвижи до јајцеклетката).