img

Заборавете на високите потпетици во текот на бременоста

Зголемувањето на телесната тежина и хормоналните промени во текот на бременоста имаат големо влијание врз телото. Мускулите и лигаментите стануваат  помеки и порастегливи благодарение на хормоните (relaxin), што ги прави вашите стапала и глуждови  поподложни на истегнувања и повреди.  Токму затоа, за време на бременоста пожелно е да носите удобни обувки во кои ќе се чувствувате пријатно. Верувајте, вашето тело ќе ви биде благодарно!

Секојдневно 7 од вкупно 10 жени страдаат од проблеми со стапалата како што се: отечени глуждови  (37%), отечени стапала (45%) па мораат да носат чевли 1-2 броја поголеми, болка во петицата  (16%) и болка во сводот на стапалото (2%).  

Ако сте бремени, носете:
- удобни, заоблени и доволно широки чевли во зоната околу прстите
- доволно длабоки чевли и со анатомска влошка (можете да вметнете и кожена или силиконска влошка); 
- обувки на ниска и цврста потпетица (до 2/3 см); 
- обезбедете стабилност на глуждот со ременчиња, со врвки или со лепенки; 
- осигурете се дека има барем 0,5-1 см простор од најдолгиот прст до врвот на чевелот;
- избегнувајте носење високи потпетици бидејќи со тоа избегнувате зголемено оптоварување на зглобовите, кои веќе се оптоварени од самата бременост;
- избегнувајте вкрстување на нозете или стапалата при седење.
 
Бидете активни и кога одморате 
 
Освен прошетките, „ возењето велосипед” додека лежите на грб помага мускулите на нозете да се одморат и отокот да се намали, а кружните движења во глуждовите помагаат  да се намалат грчевите во нозете.