img

Легенди за царскиот рез

Поимот царски рез не настанал поради удобноста, како што обично се мисли. За потеклото на зборот постојат неколку легенди. Според една од нив, на овој начин е роден римскиот император Цезар и од таму потекнува името цезареа. Според друга верзија, царскиот рез го добил името по Германецот Крајзершнит (Kaizershnitt), кој на својата жена ѝ помогнал да се породи на овој начин бидејќи неколку дена не можела да се породи по вагинален пат. Резот кој го направил тој го нарекле Кајзеров рез, што во превод значи царски рез.

Првите сигурни податоци за изведен царски рез на жива жена се поврзани со името на францускиот хирург и акушер Жакис Гилемукона (Jaquesa Guillemuecona) во 1571 година во Париз.Техниката на денешниот царски рез е варијанта која се применува уште од 1927 година од Дорфлер (Doerfler).