Трет циклус предавања за здрава бременост
Во тек е третиот циклус едукативни предавања за идните родители. Осумте предавања ги опфаќаат најзначајните состојби во бременоста за кои е важно да се информирате. Предавачи се специјалисти од различни медицински дејности и акушерки од Аџибадем Систина. Фотографиите се од последните три предавања (Задолжителни скрининзи во бременоста; Како да се храните здраво и Промени во бременоста за кои е потребен лекарски преглед. )