Драги идни родители,
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на новиот циклус бесплатни предавања за идни родители, кој стартува в среда, на 22 јануари 2025. Нашиот тим составен од доктори специјалисти и медицински сестри е тука за да дадат одговор на секое ваше прашање и дилема поврзана со бременоста.
Предавањата ќе се одвиваат во просториите на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ секоја среда во 18 часот.
Пријавете се на callcenter@acibademsistina.mk или на 02 30 99 500, заедно да се едуцираме за здрава, среќна и лесна бременост.
И во овој циклус за вас подготвивме интересни содржини и голем број подароци.