ГИМНАСТИКА ЗА БЕБИЊА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“
Во две групи, преку игра и движење, бебињата ја зајакнуваат својата мускулатура, ја подобруваат координацијата и го стимулираат развојот на мозокот.
Активностите се дизајнирани така што и бебињата и нивните мајки уживаат во секој момент - учејќи, дружејќи се и зајакнувајќи ја меѓусебната поврзаност. Малите учесници покажаа колку движењето може да биде забавно, а родителите заминаа со насмевки и полни срца.
Гимнастика и забава – совршена комбинација за здрав раст и развој!