Предавање во „Аџибадем Систина“ – Спонтано породување или царски рез
Оваа среда д-р Корнелија Трајкова одржа предавање за спонтано породување и царски рез. Присутните трудници имаа можност да се информираат за двата типа на породување, за предностите на спонтаното породување, за состојбите кои бараат бременоста да заврши со царски рез... Главниот интерес на сите трудници беа фазите на спонтаното породување, како започнува, колку трае, колкава е болката и како бебето го доживува раѓањето.