ПРВИТЕ ДВИЖЕЊА СЕ ВАЖНИ - НОВА ГРУПА ЗА ГИМНАСТИКА ЗА БЕБИЊА ОД 3 НОЕМВРИ
Секое движење е ново откритие, а секој мал напредок е голем чекор во развојот на бебето. Со цел да им помогне на родителите правилно да го поттикнат моторниот развој на своите најмали, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ од 3 ноември започнува со нова група за гимнастика за бебиња на возраст од 2 до 12 месеци.