Д-р Андреј Петров со совети за здрава и негувана кожа во бременост
Хормонските промени и зголемената телесна тежина се само дел од причините кои доведуваат до промени во структурата на кожата и нејзината еластичност. Кожата бара посебна нега во бременоста особено на стомакот каде доаѓа до нејзино растегнување.
На вчерашното едукативно предавање, д-р Андреј Петров ги советуваше идните мајки како правилно да ја негуваат кожата во бременоста. За да се превенира појавата на стриите и сувоста на кожата, потребно е кожата да биде постојано хидрирана. Посебен дел од предавањето беше посветено на прашањата на трудниците во однос на дилемите за причините за појава на стрии, дали може да се спречат и како да се третираат. Една од темите кои предизвика интерес е заздравувањето на раната од царски рез.