ЗАПОЧНА НОВ ЦИКЛУС ГИМНАСТИКА ЗА БЕБИЊА
По летната пауза, во „Аџибадем Систина“ започна нов циклус часови по гимнастика за бебиња, исполнет со игра, дружење, движење и стекнување нови вештини. Нашите најмали учесници, заедно со своите родители, преку внимателно избрани вежби го поттикнуваат моторниот развој, ја подобруваат координацијата и стекнуваат нови искуства. Групните активности овозможуваат учење преку игра, меѓусебна интеракција и социјализација уште од најрана возраст.