Породување без болка
Болката која ја доживуваат родилките за време на породувањето се класифицира како најсилната болка што може да ја почувствува жената во текот на животот. Современата медицина пронашла решение за обезболување за време на породувањето, а тоа е примената на епидуралната и спиналната анестезија.