Кога трудниците да побараат помош од гинеколог?
На вчерашното предавање д-р Корнелија Трајкова ги информираше бремените жени за сите промени во бременоста кои треба да ги очекуваат како и промените кои алармираат одреден проблем и за кои треба да го известат својот матичен гинеколог. Седењето пред компјутер и барањето совети без да се консултира стручно лице е тренд кој е се поприсутен кај новите генерации, но е сосема погрешен. Секоја бременост е индивидуална, па токму затоа треба за неа да се грижи стручен лекар кој е целосно запознаен со општата состојба на бремената жена и сите можни ризици и компликации.
Навременото реагирање и преземање на сите мерки за спречување на нивната повторна појава е клучно за безбеден тек на бременоста. Присутните идни родители покажаа голем интерес за темата и активно учествуваа во делот наменет за прашања и одговори. И оваа среда, нашите Acibadem Sistina BABY пријатели се погрижија сите мајки да добијат симболичен подарок.