Физичка активност и орална хигиена во бременоста
На вчерашното предавање идните мајки добија корисни совети за оралното здравје и за правилно одржување на телото во бременоста и бенефитот од физичката активност.
Предавањето претставуваше вистинска интерактивна средба каде покрај советите на докторите, со свои прашања искуства и дилеми настапија и присутните бремени жени. Најголемите дилеми на бремените жени поврзани со оралното здравје беа потенцијалната опасност од рендгенско снимање на забите во бременоста, вадење на заб или одредена интервенција во 9 месечниот период и периодот на доење.