Сè што треба да знаете за болката при породувањето
Преку илустрирана презентација идните родители можеа да видат како изгледа процесот на обезболување пред чинот на породување. На присутните трудници д-р Маргарита Ловач Чепујноска им ги објасни двата типа на анестезија и во кои случаи се применуваат. Корисни информации поврзани за чинот на породување и болката на родилките пренесе и акушерката Снежана Јовановска.
Покрај предавањето на анестезиологот, втората половина од едукативната средба беше посветена на прашањата и дилемите на родилките. Колку време делува анестезијата, дали болката навистина исчезнува со помош на епидурална анестезија, колку е безбедна процедурата и на уште многу други прашања одговор даде д-р Чепујноска.