14. недела
Фетусот се развива со голема брзина. Во овој период сигурно чувствувате зголемена потреба за храна, но внимавајте. Во овој период на интензивен раст на вашето малечко потребна ви е исхрана богата со протеини, па затоа гледајте да обезбедите доволно хранливи материи. Уживајте во јадењето, уште подобро доколку ви се намалени и утринските мачнини, но не внесувајте премногу масти во исхраната кои само ќе ве направат да се чувствувате потешки. Јадењето за двајца не значи дека треба да ги удвоите калориите.