13. недела
Честитки. Го завршивте првиот триместар. Пред 2 месеци вашето бебе претставуваше само група од клетки, а сега веќе има функционални органи, нерви и мускули . Многу од идните мајки чекаат нетрпеливо да ја соопштат новата вест по завршувањето на 12. недела. Ако и вие сте една од нив, сигурно ова е највозбудливиот период, кога конечно она што сте го чувале во себе го кажувате на сиот глас. Доколку чувствувате тапа болка во долниот дел од стомакот, најчесто тоа е резултат на истегнувањето на лигаментите поради растењето на матката.
Вашето бебе е со големина на праска
Должината на фетусот изнесува приближно 8,5 цм, а тежи околу 30 грама. Соодносот на главата во однос на телото сега изнесува 1:3