17. недела

Се ближи денот кога ќе го дознаете полот на вашето бебе. Ваквата вест е подеднакво изненадувачка како за мајката така и за таткото... Во меѓувреме, вашето бебе станува сé поголемо. Масното ткиво почнува да се развива под кожата на бебето. Тоа ќе обезбедува енергија и ќе помага бебето да одржува топлина по породувањето. Сега вашето бебе има околу 140 грама, а вие имате зголемено просечно 3,2кг од почетокот на бременоста.


Вашето бебе е со големина на кромид