18. недела
Во оваа недела вашето бебе интензивно работи со мускулите и се движи во матката. Ако досега не сте имале можност да ги почувствувате таквите движења, нема причина за грижа, секоја бременост е различна и не може да се каже со сигурност што точно се случува. Дали веќе почнавте да имате проблеми со спиењето? Од 18.недела ви препорачуваме да спиете на страна. Бебето и матката се доволно големи, па доколку спиете на стомак, прават притисок на големите вени во стомакот, што може да предизвика забавување на дотокот на крв до срцето и намалување на крвниот притисок.
Вашето бебе е со големина на благ компир