20. недела
Момче е или девојче? Сега целиот свет се врти околу розовата или сина боја. Споделете ја новата информација на интересен и креативен начин. Уживајте во бременоста бидејќи сте на пола пат до породувањето. Сега сè изгледа полесно откако дознавте дека вашето малечко расте и се развива нормално. Во овој период симптомите како потење на дланките, грчеви во нозете, киселини во желудникот и потешкотии при спиењето се само дел од работите што прават да се чувствувате неудобно.
Важно: Доколку постои одредено сомневање за зголемен ризик на плодот за хромозомска болест при ултразвучниот преглед, доколку имате над 35 години или претходно дете со хромозомска болест или фамилијарно постоење на таква болест, вашиот гинеколог ќе ве упати да направите амниоцентеза.
Вашето бебе е со големина на банана