19. недела
Доколку сè уште не го направивте пренаталниот скрининг, ова е вистинско време да го закажете. Пренаталниот скрининг ќе ви даде детални информации за развојот на вашето бебе. На овој преглед се гледа дали сите органи и системи се нормално развиени и дали нормално функционираат. Не заборавајте да ги запишете сите прашања што сакате да му ги поставите на гинекологот. Не заборавајте и да земете фотографии од скринингот и да ги покажете на семејството.
Важно :
Помеѓу 19. и 24. гестациска недела потребно е да направите фетална ехокардиографија. Феталната ехокардиографија е метода што овозможува откривање на вродените срцеви аномалии кај фетусот. Следејќи ги светските трендови, но и поради високиот процент на вродени срцеви аномалии кај неризичните групи трудници феталната ехокардиографија се наметна како рутински скрининг во пренатална дијагностика на структурните аномалии на феталното срце.
Вашето бебе е со големина на манго