31. недела
Бебето ги има развиено сите сетила. Вие се чувствувате расеано и заборавено. Тоа е сосема нормално. На почетокот на 31. недела ги имате истите симптоми, а некои од нив можно е да се со зголемен интензитет. Како што вашиот стомак станува сè поголем, се чувствувате како да не можете да се снајдете во просторот. Дозволете си одмор што ќе ви биде потребен да ги наполните батериите за периодот кој следува.
Со ултразвучен преглед во третиот триместар (30-34 недела) се проверува пропорционалниот и правилниот раст на бебето. Се детектира дали има застој во растот на бебето. Со помош на доплер се анализира дали циркулацијата на крв преку папочната врвка кон бебето е доволна, а доколку не е, кога е идеално време да се заврши бременоста, а во исто време да се добие зрело и здраво бебе.