32. недела

Бебето е свртено со главата надоле, положба што треба да ја заземе за да може спонтаното породување да се одвива нормално, односно бебето со главата да навлезе во родилниот канал. Иако ви се чини дека има уште многу време, вашето малечко е подготвено за живот во надворешниот свет (во случај породувањето да се случи порано од планираниот термин). Вашето тело се подготвува за најубавата улога – доењето.
Во текот на 9. месец се почести контролите, а се прави и кардиотографија (CTG) со која се регистрираат отчукувањата на срцето на вашето бебе. Покрај тоа го регистрира и постоењето, јачината, траењето и честотата на контракциите на матката. Неговата цел е да се евалуира состојбата на плодот, неговата снабденост со кислород и дали при појавата на контракциите се нарушува снабдувањето на плодот со крв. Се изведува во последниот триместар и во текот на породувањето.

