35. недела
Големото бебе сè помалку дава простор на вашите органи заземајќи што поголем простор во вашиот стомак. Во 35.недела матката е речиси 1.000 пати поголема во однос на претходно. Сега неговите удари ги чувствувате поретко, но се со поголем интензитет. Болните клоцања кои сега ве будат во текот на ноќта, за кратко време ќе ви недостигаат.
Од 35. до 37.недела треба да направите брис за детекција на присуство на група Б стрептококи во надворешниот дел на вагината и околу аналниот отвор. Присуство на оваа група бактерии може да предизвика предвремено прскање на плодовите обвивки (прскање на водењакот). Исто така, присуството на група Б стрептококи предизвикува инфекција кај плодот додека минува низ родилниот канал. Доколку се позитивни резултатите, се применува терапија со антибиотик со цел да се превенира инфекцијата.