34. недела
Пуштете ја вашата омилена песна, во 34.недела бебето го препознава вашиот глас. Некои истражувања покажуваат дека песните што бебето ги слушало додека било во стомакот, ги препознава кога ќе биде во надворешниот свет. Голем број идни мајки чувствуваат олеснување во дишењето бидејќи бебето полека се спушта во карлицата, па притисокот што го правело на белите дробови значително се намалува. Спуштајќи се во долниот дел на карлицата, прави поголем притисок врз мочниот меур, па оттаму се јавуваат честите нагони за мокрење.