7. недела
Нетрпеливи сте пред прегледот и едвај чекате да дознаете што се случува со вашето бебе. Во овој период ембрионот се храни од хорионот, додека плацентата не ја преземе својата функција. Виталните органи се развиваат. Ова е најчувствителната фаза од развојот на плодот. Тоа подразбира максимално избегнување на сите штетни фактори, почнувајќи од лекови, алкохол, цигари, хемикалии, вакцини, па сè до инфекции со микроорганизми. Дали веќе се замислувате како ќе изгледате со трудничкото стомаче?
- Создава околу 100 нервни клетки секоја минута
- Мозокот и срцето стануваат сè покомплексни
- Се развиваат бубрезите
- Формирани се зглобовите на рацете и нозете