8. недела

Карактеристично е тоа што во осмата недела, не само што вашиот осет за мирис и вкус е толку многу развиен туку истовремено почнува да се развива и осетот за вкус на вашето бебе. Од осмата недела рацете и нозете на вашиот ембрион веќе се издолжуваат и стануваат се повеќе дефинирани, прстите започнале да се формираат. Очите на ембрионот се веќе видливи. Срцето пумпа со 150 удари во минута, двојно побрзо отколку кај нормален возрасен човек.


- Капаците ги покриваат очите.
- Се развиваат почетоците на прстите на рацете и нозете
- Исчезнува опашкастиот завршеток на телото.
- Интересен факт: Почнува да се развива осетот за мирис и вкус
- Почнуваат да се формираат мускулите и слоевите на кожата
- Зголемени, осетливи гради, како резултат на зголемувањето на клетките од кои се создава млекото
- Замор и/или мачнини. Падот на крвниот притисок кој е нормална состојба во бременоста е виновен за заморот.
- Слаби грчеви. Се јавуваат поради истегнување на лигаментите на стомакот како резултат на зголемувањето на матката .
- Проблеми со варење на храната, запек, подуеност на стомакот, киселини.
- Зголемен осет за мирис.