12. недела
Работите се менуваат брзо. Го завршивте првиот триместар, што значи хормоните ќе се смират за одреден степен, па ќе почнете да чувствувате промени во расположението. Најчесто доаѓа и до смирување на одредени симптоми кои на почетокот беа исцрпувачки. Но, наместо нив, можна е појава на главоболка и мрзеливост, особено во утринските часови. Најголемата промена е тоа што вашето бебе речиси го завршило развојот на сите важни органи и системи. Во овој период доаѓаат и првите важни прашања – дали сè е во ред со моето бебе, дали се развива нормално, дали има некое генетско нарушување? Сите овие прашања ќе ги одговори вашиот гинеколог.
Вашето бебе е со големина на слива
- Главните органи и системи се целосно формирани
- Влегува во фаза на раст и развој, во кој органите и ткивата растат и се развиваат со голема брзина. Плацентата почнува да ја извршува својата функција и преку папчаникот носи до плодот хранливи материи потребни за раст и развој.
- Се развиваат ноктите
- Развива рефлекси, при допир со ехо сондата фетусот прави движење
- Ги отвора и затвора прстите на рацете и ги мрда прстите
- Мозокот се развива брзо