Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Рано во бременоста грчевите можaт да претставуваат нормални појави иницирани од хормонални промени, подоцна во бременоста можaт да бидат последица на растот на матката. Грчеви што се различни од претходните бремености, кои се зголемуваат, кои се јавуваат во регуларни интервали или кои се придружени со вагинално крвавење можaт да бидат знак на бременост надвор од матката, заканувачки абортус, пропуштен абортус или заканувачко предвремено породување. Секако, редовниот преглед кај гинекологот е неопходен за да се отстранат можните сомнежи за одредени болести и ризици во бременоста.

Понискиот крвен притисок, кој е нормален во бременоста, пониските нивоа на шеќер во крвта, хормоналните промени, кои се должат на успивачкиот ефект на прогестеронот, и  анемијата која се јавува во бременоста заедно придонесуваат за замор.

Во првата бременост обично околу 18. недела, а во следните бремености околу  16. недела. Најчесто се чувствува кога жената седи или лежи мирно и обично во пределот на папокот. Како што фетусот расте овие движења се појаки и полесно е да се осетат.

Испапчувања кои се зголемуваат околу ареолите нормално се појавуваат за време на средина од бременоста. Галактореата (секреција на млеко од брадавицата) вообичаено не се појавува сè до породувањето, но можно е да се појави почнувајќи од 5. месец од бременоста.

Кај голем број жени се јавува зголемено опаѓање на косата и зголемена телесна влакнетост која може да биде резултат на зголемените нивоа на одредени хормони.

Протоколите за добивање во тежина во бременост се следни (се однесува за еден плод)

Потхранети жени(BMI<18.5) треба да добијат во тежина 12-18кг

Жени со нормална тежина (BMI18.5-24,9) треба да добијат во тежина 11-15 кг.

Жени со прекумерна тежина(BMI 25-29.9) треба да добијат во тежина 6-11кг.

Да, грижата за забите за време на бременоста има важна улога во целокупната грижа за здравјето. Во бременоста непцата стануваат поотечени и крвават при четкање на забите.

Празнењето на желудникот во бременоста е забавено. Се смета дека хормоналното влијание на прогестеронот и намалените нивоа на мотилин имаат главно влијание, а влијание има и механичката опструкција во третиот триместар од големината на матката.

Дури пола од жените имаат болка во грбот во одреден период од бременоста. Болката во грбот е од повеќе фактори, кои вклучуваат нарушување на центарот на рамнотежа предизвикано од зголемената матка, зголемена подвижност на зглобовите како резултат на зголемениот хормон релаксин, кој доведува до истегнување на лигаментите, кои се осетливи на болка. Третманот е масажа, чевли со добра поддршка, добра програма на вежбање за зацврстување на мускулите.
 

Сексуалниот однос е безбеден доколку не се работи за патолошка бременост.

Поради големината на матката, истата притиска на венските садови кои ја враќаат крвта од нозете и создава зголемен отпор на венскиот повраток. Важен фактор е и фамилијарната предиспозиција. Одмор, подигање на нозете, чорапи за поддршка е обично сè што е потребно. Важно е да се одреди дали варикозните вени не се комплицирани од тромбофлебит. Хемороидите се исто така проширени вени, кои може први да се појават во бременоста од истите причини и се потенцираат поради констипацијата која често се јавува во бременоста.

Во бременоста се јавуваат промени кои го зголемуваат ризикот за инфекции на уринарниот тракт, а во тој ред најважни се проширувањата и хипотонија на колективниот систем на бубрезите, предизвикани од притисокот на матката на уретрите кои ја изнесуваат урината од бубрезите во мочниот меур и намалување на природнат