Ановулација - изостанок на овулација
Процесот на овулација е зависен од хормони кои се лачат од структури во мозокот (хипоталамус и хипофиза), а кои раководат со функцијата на овариумите. Одредени нарушувања во овие структури, како стрес, исцрпувачка физичка активност, потхранетост, дебелина, тумори или повреди можат да предизвикаат изостанок на овулација. Кај пациентки со хроничен изостанок на овулација како причина за неплодност се спроведуваат методи за стимулирање на овулацијата со употреба на таблети и инјекции под строг надзор на гинеколог од областа на репродуктивната медицина за постигнување бременост.
- Хранете се здраво, избалансирано и редовно. Запомнете дека повторувачки диети, изгладнетост и нарушување во хранителните навики предизвикуваат анорексија и булимија со губиток на овулација и менструација.