Д-р Александар Сајковски со стручни совети за грижа на новороденче
Основните принципи за нега на новороденчето овој циклус ги презентираше д-р Александар Сајковски, педијатар неонатолог од „Аџибадем Систина“. Присутните трудници кои редовно ги посетуваат едукативните предавања во болницата се изјаснија дека ова е едно од најважните предавања од целиот циклус.
„Досега присуствував на сите предавања, но вечерашново предавање и предавањето за безболно породување ми оставија најголем впечаток. “ вели М.А која е во 35-та недела од бременоста.