ПРЕД 11 ГОДИНИ Д-Р МИТКО ИВАНОВСКИ НИ ГО ПОДАРИ ДАНИЕЛ
Во најтешките мигови исполнети со страв и неизвесно ст, Наталија од Гостивар вели дека нема зборови што можат да ја искажат нејзината длабока благодарност кон д-р Митко Ивановски, специјалист по гинекологија и акушерство. За неа, неговата посветеност, професионалност и искрена грижа претставувале најсилна поддршка во периодот кога ѝ било најтешко.
„Кога сѐ околу мене беше неизвесно, вие бевте мојата светла точка. Вашата смиреност и начинот на кој секогаш со трпение објаснувавте сѐ ми дадоа сила и спокој. Се чувствував безбедно и почитувано, знаејќи дека сум во рацете не само на врвен стручњак, туку и на голем човек. Луѓето како вас не лекуваат само, туку и ги допираат душите. Благодарение на вас, денес го имаме нашиот син Даниел, кој веќе 11 години ни ги грее срцата“, вели Наталија.
Наталија и Горан Павлоски велат дека вечно ќе му останат благодарни на д-р Митко Ивановски, кој засекогаш ќе остане дел од нивната среќна животна приказна.