Распоред на предавања за трудници – ноември – декември
Драги наши идни мајки, ве известуваме дека секоја среда во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се одржуваат бесплатни предавања за трудници. Циклусот предавања ги опфаќа најзначајните состојби во бременоста за кои е важно да се информирате. Споделувањето различни искуства е добредојдено, особено за новите мајки за кои бременоста е прво искуство.
Новиот циклус започнува на 08. Ноември, а предавачи се тим специјалисти од различни дејности и акушерки од болницата. Првото предавање е на тема – Промени и задолжителни скрининзи за време на бременост, а предавач е ќе биде доктор по гинекологија и акушерство.
