Распоред на предавања за трудници – март - април 2018
Драги наши идни мајки, ве известуваме дека секоја среда во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се одржуваат бесплатни предавања за трудници. Циклусот предавања ги опфаќа најзначајните состојби во бременоста за кои е важно да се информирате. Споделувањето различни искуства е добредојдено, особено за новите мајки за кои бременоста е прво искуство.
