Нов циклус бесплатни предавања за идни родители
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на уште еден циклус бесплатни предавања за идните родители, кој стартува в среда, на 29 јануари 2020 година. И во овој циклус за вас подготвивме интересни содржини и подароци. Нашите доктори, медицински сестри и акушерки се тука за да дадат одговор на секое ваше прашање и дилема поврзана со бременоста.
В среда стартуваме со темата „Промени и задолжителни скрининзи за време на бременоста“, а предавач е д-р Александар Бојаџиев, гинеколог-акушер. Во наредното предавање, пак, ќе дознаете кога се прави фетална ехокардиографија и зошто овој преглед е еден од најбитните за трудницата и бебето, но и за најчестите срцеви мани кај децата.
