33. недела
Возбудени сте бидејќи со секој нов ден сте сè поблиску до денот кој толку многу го очекувате. Но, од друга страна сте и малку исплашени, особено ако за првпат очекувате бебе. Симптомите што ги опишавме во изминатите недели се присутни и во оваа недела, кај некои тие се интензивираат. Секоја бременост е индивидуална, но постои едно заедничко правило – бидете ведри, насмеани и релаксирани. Знаеме дека големиот стомак, честите клоцања и придружните симптоми прават да се чувствувате уморно, расеано и неудобно. Фокусирајте се на вашето бебе и ќе успеете да ги надминете сите потешкотии. Вклучувањето на партнерот во домашните задачи е неизбежно доколку сакате да оставите простор за себе.