Добре дојде, Фрон – новиот член во семејството Весели!
Уште една среќна приказна која семејството Весели од Тетово со огромна радост ја споделува со нас.
На 30 април семејството Весели доби уште еден член и со доаѓањето на малиот Фрон сега е комплетно. Рубин кој се роди во 2016 во „Аџибадем Систина“ си доби братче кое со нетрпение го чекаше дома за да го прегрне.
„Моето позитивно искуство со првата бременост и породување беше клучниот фактор што повторно ја избрав 'Acibadem Sistina' и незаменливата д-р Гордана Петровска. Бескрајно сум ѝ благодарна за стручноста, топлиот пристап и посветеноста. Моите два најважни и незаборавни моменти од мојот живот ѝ ги доверив токму нејзе затоа што знаев дека сум во сигурни раце и ѝ посакувам уште многу успешни приказни и среќни семејства!“, вели мама Бесарта Ајрулаи Весели.
Семејството Весели ја изразува својата длабока благодарност и до целиот тим од Одделението за акушерство и гинекологија за нивната поддршка и посветеност за време на престојот во болница.
Фрон, добре дојде во нашето големо семејство на "Acibadem Sistina Baby"!