img

Голема благодарност за д-р Младен Ристески

Соња и Марко Миротиќ кои по 22 години борба за потомство станаа родители на малата Богдана, дојдоа во „Аџибадем Систина“ за лично да му се заблагодарат на д-р Младен Ристески, кој го исполни нивниот сон. Тие веќе 6 месеци секојдневно се будат со насмевката на Богдана, нивниот долгоочекуван животен дар.

Веста за овој голем успех беше пренесена од медиумите низ целиот регион, испраќајќи силна поддршка за паровите што долги години се борат со желбата да станат родители. Оваа, но и многуте други успешни приказни зборуваат дека вербата во успех не треба никогаш да ги напушти паровите што ја водат истата борба.