img

Ајан и Арбиан: Д-р Спасевска ни е омилената докторка

Денес, 11 години подоцна, Ајан и Арбиан се здрави и насмеани деца, а нивната врска со д-р Симонида Спасевска останува посебна и искрена. Секогаш кога ќе ја сретнат, ја поздравуваат со широки прегратки и детска радост, препознавајќи ја како личноста што била покрај нив уште од првиот здив. За нив, таа не е само доктор, туку и симбол на сигурност, грижа и љубов, а нивните насмевки се најдобрата потврда за тоа.
 
Ајан и Арбиан се предвремено родени бебиња во „Аџибадем Систина“, родени на 4.12.2014 година, во 32. гестациска недела. На Одделот за неонатална интензивна нега, Ајан бил хоспитализиран 27 дена, а Арбиан 34 дена. Мајката Хирбије истакнува дека е исклучително задоволна од негата и грижата што тогаш ги добиле нејзините деца, како и од посветеноста и професионалноста на сите доктори и медицински сестри, со посебна благодарност до д-р Симонида Спасевска, која била со нив од првиот ден.