Едукативен настан „Да го одржиме доењето заедно“
Под мотото „Да го одржиме доењето заедно“, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ја одбележа светската недела на доењето со едукативен настан.
Присутните гости на почетокот на настанот ги поздрави д-р Душко Фидановски, шеф на Одделот за педијатрија. Д-р Станка Танчева Крстевска, педијатар, ги посочи сите предности на доењето и незаменливата улога на мајчиното млеко, како и придобивките од доењето во однос на растот и развојот на децата. Марина Стерјевска, медицинска сестра - едукатор за доење, на присутните, покрај практичните совети за доење, им објасни и како да се воспостави правилна лактација.